Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Станковиќ, Драгољуб

.

stankovic dragoljubДрагољуб Станковиќ, роден 1971 година во Јагодина (Србија), живее и работи како писател во Белград. Пишува поезија, проза, колумни, сатира и книжевни критики. Тој беше постојан соработник на интернет-порталот E-novine и уредник на издавачката куќа Лево крило. Водеше интервјуа за списанијата Књижевна реч и Књижевни магазин, а неговите книжевни критики беа објавени во културните прилози на БЕТОН и Књига Данас на дневникот Данас, во книжевни периодики, како и на Третата програма на Радио Белград. Кон неговите дела се вбројуваат збирките поезија Pesme jednog dana (2005), Barka tela (2010), S onu stranu noci (2014) и романот Beogradski kiklop (2017).