Печати

Малеј, Гашпер

.

malej gasperГашпер Малеј е роден 1975 во Копер (Словенија), каде што живее и работи како слободен писател и преведувач. Преведува главно современа италијанска книжевност и од 2011 година ја води едицијата „Хелија“, на културното здружение КУД ААЦ Зракоглед, чиј коосновач е, и кое се посветува на публицирање белетристички преводи од современи медитерански автори. Кон неговите дела се вбројуваат збирките поезија Otok, slutnje, poljub (2004) и Rezi v zlatem (2009). Неговата поезија е препеана на дваесетина јазици и е застапена во антологии во земјата и странство. За преводот на романот Petrolio од Пјер Паоло Пазолини Гашпер Малај во 2011 година беше добитник на признанието „Златна птица“. А во 2016 година доби и награда за превод од Министерството за култура и туризам на Италија.