Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Клоси, Ардијан

klosi_ardian
Ардијан Клоси (1957-2012) завршил албанологија во Тирана и германистика и компаративни студии во Инсбрук, каде што докторирал во 1990 год.  Од 1990 до1993 год. е активист во студентското движење и за новиот слободен печат во Албанија, потоа живее во Минхен, а во 1998 год. се враќа назад во татковината, каде што го води германско-албанското културно здружение „Роберт Шварц“. Адријан Клоси има објавно бројни студии, статии и книги и има преведено низа автори на албански јазик, меѓу кои: Франц Кафка, Бертолт Брехт, Хајнрих Бел, Фридрих Диренмат, Макс Фриш, Марк Твен, Георг Бихнер, Ернест Гелнер и Франсоаз Пуквил. Награди: „Kулт“ за најдобра стручна книга за 2005 год. („Netët Pellazgjike te Karl Reinholdit“), „Најдобар преведувач на годината за 2008“ и др.