Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

4 земји 1 јазик: Во недела во Белград почнува 62. Меѓународен саем на книгата

.

577 belgradНа 22. октомври во Белград почнува  62. Меѓународен саем на книгата, чија овогодишна програма 4 земји 1 јазик беше конципирана и дизајнирана од ТРАДУКИ под водство на Хана Стојиќ. Како почесен гостин наместо една земја овој пат ќе се претстави еден јазик, и така до 29. октомври во фокусот на Белрадскиот саем на книгата ќе биде германскиот јазик.

Синaта софа, познатиот формат во Германија за разговори со авторите, во овие рамки за прв пат ќе се одржи во странство и на него во динамични получасовни разговори со српски новинари и книжевни критичари ќе се претстават Херта Милер, Марсел Бајер, Валентин Гребнер, Јонас Лишер, Јан Вагнер, Фолкер Кутчер, Дана Григорчеа, Инго Шулце, Катрин Регла, Мелинда Наџ Абоњи и Јенс Дитмар. За ова програмата 4 земји 1 јазик ѝ благодари на пријателската поддршка од Бертелсман, ЦДФ и Дојчландфунк Култур, како и на книжевната мрежа ТРАДУКИ.

Целокупниот настап на земјите од германското говорно подрачје го овозможи и поддржа Министерството за надворешни работи на Германија, Сојузното министерство за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Сојузната канцеларска служба на Република Австрија, швајцарската културна фондација Про Хелвеција, Гете-институтот Белград, Австрискиот културен форум Белград, Здружението за поддршка Литерааре, културната фондација Лихтенштајн, европската мрежа за книжевност ТРАДУКИ, како и Амбасадата на Германија, Австрија и Швајцарија во Србија.  

За сината софа

577 das blaue sofaСината софа е задничкиот авторски форум на Бертелсман, ЦДФ и Дојчландфунк Култур. На саемите за книга во Франкфурт и Лајпциг таа се престори во стабилна институција. 2005 година Сината софа ја прослави својата премиера во Берлин. Во 2011 година франкфуртскиот фестивал на книгата Open Books со една авторска гала за прв пат вечера ја отвори Сината софа. Од Саемот на книгата во Лајпциг во 2000 година до сега на Сината софа се одржале отприлика 2.500 авторски разговори, а меѓу нив и со авторите: Светлана Алексијевиќ, Михаил Горбачов, Гинтер Грас, Херта Милер, Кристијане Нислајн-Фолхард, Орхан Памук, Јозеф Стиглиц, Марио Варгас Лоса и Мо Јан. Во 2017 година Сината софа во раките на програмата „4 земји 1 јазик“ гостува на Меѓународниот саем на книгата во Белград.

Саемска програма

партнери на проектот

traduki partners 2014 d