Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

16. Internationales Literaturfest „Poetische Quellen 2017“

.

579 poetische quellenСо поддршка на ТРАДУКИ од 23. до 27. август се одржа 16. издание на меѓународниот фестивал на книжевноста „Поетски извори“. Под уметничко водство на Михаел Шолц во соседните градови Бад Ојнхаузен и Лине во Источна Вестфалија –Липе беше понудена впечатлива програма, на која учество зедоа вкупно 34 писатели, филозофи, преведувачи, публицисти и музичари од седум земји. Со оглед на првичната соработка со сараевскиот поетски фестивал „Сараејвски дани поезије“, иницирана од Џевад Карахасан и Михаел Шолц манифестацијата на отворањето ова година беше посветена на градот Сараево и на босанско-херцеговачката култура.

Организаторите на „Поетски извори“ оваа година меѓу многуте гости можеа да ги поздрават и: Џевад Карахасан, Клаудија От и Илија Тројанов, САИД и Асмир Кујовиќ, Михел Кригер и Андреј Николаидис, Херта Милер, Елен Хинзи, Ана Мариа Карпи, Џорџо Фонтана, Инго Шулце како и светски познатата музичка група Диванхана од Сараево. На завршната манифестација му одадоа почит на во февруари 2016 година починатиот писател и публицист Рогер Вилемзен, кој беше многу поврзан со „Поетските извори“.

bwd  Set 1/2  fwd

© Antonio Maria Storch

партнери на проектот

traduki partners 2014 d