Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Јосифовска, Катерина

josifoska_katerina

Kатерина Јосифовска, родена 1982 год., студирала на Филолошкиот факултет Скопје. Магистерски студии завршила на Филозофскиот Факултет, а докторски студии на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Таа ги истражува интердисциплинарните поврзаности на филозофијата и книжевноста. Кон нејзините научни интереси се вбројуваат хебрејската книжевност, психоаналитичката критика на книжевноста како и естетиката, политиката и деконструкцијата. Била надворешен соработик воАкадемијата на науките и уметностите на Македонија и работела на меѓународниот проект „Интерпретации“. Во 2008 год. излегува нејзината книга  ,,Гробница од хартија“. Kатерина Јософоска преведува од англиски, шпански и германски на македонски јазик. Во нејзин превод меѓу другото излегоа и дела од Габриел Гарсија Маркес, Роберт Болано, Хана Арент, Роберт Музил, Даниел Келман, Андреас Нојман, Кристоф Рансмајер и Валтер Бенјамин.