Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Промоција на романот „Quecke“ од Петре М. Андреевски во Берлин

.

574 andreevskiПо објавувањето на германскиот превод на македонскиот култен роман Пиреј од Петре М. Андреевски со поддршка на ТРАДУКИ во август 2017 година под наслов Quecke во Гуголц, на 29. септември тој премиерно бепе промовиран на една јавна манифестација во соработка со книжарницата Годолт.

Издавачот Себастијан Гуголц и преведувачот Бенјамин Лангер во кафулето „Röstwerk Kaffeerösterei“ по кусото претставување на издавачката куќа поразговараа за делото и авторот, за македонската историја, за преведувањето, а Бенјамин Лангер прочита и повеќе извадоци од романот. Тоа премина во убава вечер во пријатно расположение, а се заврши со еден прилично невообичаен настан: воодушевените слушатели побараа купените примероци од романот да им ги сигнира издавачот и преведувачот.  

Само кусо време по премиерата на книгата, на 09. октомври  2017 година во Скопје на Бенјамин Лангер како признание за неговата преведувачка дејност му беше врачена меѓународната награда „Блаже Конески“ за залуги за македонскиот јазик и култура од Македонската Академија на науките и уметностите.  

партнери на проектот

traduki partners 2014 d