Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Фестивал на книжевноста Полигон во Мостар: читања, дискусија, филм, музика и книжевен излет

.

571 poligonСо поддршка од ТРАДУКИ, културната фондација Алијанц и градот Мостар организаторите на книжевниот фестивал Полигон по трет пат поканија на богата програма, којашто почна на 20. септември со предпрограма во Сплит и продолжи во Мостар до 25. септември.

На досегашното најголемо издание на Полигон овој пат учествуваа гости од англиското и германското јазично подрачје. На официјалното отворање посетителите можеа да погледнат еден филм од видео-уметницата Ане Бест. Вистинска кулминација на фестивалот пртставуваше учеството на британскиот писател Тони Вајт, кој ширум светот за прв пат го претстави својот нов роман Fountain in the Forest. Меѓу останатите, гостуваа и: Томас Брусиг, Јулија Франк, Ивана Сајко, Линдита Арапи, Алида Бремер, Теа Тулиќ, Сеид Сердаревиќ, Ахмед Буриќ и Андреј Николаидис. Во недела фестивалската програма беше затворена со веќе традиционалниот книжевен излет во градскиот парк. Фестивалот го организира хрватската куќа за култура „Херцег Стјепан Косача“, музичкиот центар Павароти, колеџот Јунајтед Ворлд и куќата Ќоровиќ во Мостар, како и здружението КУРС од Сплит.

Дневни лист – Дијалог је нужан у книжевности, као и књижевни фестивали граду  

партнери на проектот

traduki partners 2014 d