Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Томаш, Марко

.

tomas markoМарко Томаш, роден 1978 година во Љубљана, пораснал во Мостар и Кљајичево/Сомбор, се вбројува во еден од најомилените поети од регионот на поранешна Југославија. Има објавено бројни збирки поезија, а неговите песни се препеани на повеќе европски јазици. По престоите во Сараево, Загреб и Сплит Марко Томаш денес живее во Мостар. Тој е коосновач и уредник на списанието Колапс и на истоимената едиција книги и коиницијатор на мостарскиот музички фестивал Бетон. Во Сплит ја водеше култната книжарница УТОПИА и ја осмислуваше книжевната и музичка програма на клубот Гето. Неговите текстови се објавени во списанијата БХ  Дани, Глас Истре, Слободна Далмација и Федерал Трибуне. Денес пишува за порталите zurnal.info, Lupiga и Urban magazin.