Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Маројевиќ, Игор

.

marojevic igorИгор Мајоревиќ, роден 1968 година во Врбас, студирал српски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Во 1997 година беше објавена новелата Obmana Boga, по која следуваа повеќе романи и една збирки раскази, како и есеи и театарски пиеси.  За неговата збирка есеи Kroz glavu (2012) ја доби наградата „Десимир Тошиќ“, а за неговиот роман Žega (2004) наградата „Стеван Пешиќ“, како и една награда од фондот на Борислав Пекиќ. Неговите текстови се преведени на шпански, португалски, каталански, македонски, германски, англиски, италијански, словенечки, унгарски, украински, чешки, грчки, дански и бугарски јазик. Самиот има преведено повеќе книги од шпански јазик. Игор Мајоревиќ е коосновач на  Српското книжевно друштво, уредник на едицијата „Меридијан“ на издавачката куќа Лагуна и член на српскиот и каталанскиот П.Е.Н.–центар.