Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Le miel

Деспот, Слободан.

562 despot le mielНа крајот од една улица обележана од војната во некогашна Југославија исцелителката со тревки Вера го среќава Веско и татко му, еден стар пчелар. Автомобилот на обајцата речиси ќе се скрши под тежината на медот. За да го спаси стариот од префрлањата на син му, Вера на двајцата им дава пари за поправката. По извесно време Веско доаѓа кај неа за пред врата да ги остави парите и половина центeр мед – подарок од татко му за Вера. За Веско ова е почеток на една долга исповед, една приказна, во која медот е најдобриот лек за болката на луѓето и извор на мудрост.

Le miel [Мед] од Слободан Деспот излезе на романски јазик (извадок) во превод на Флорика Шиодару-Куриол под наслов Mierea во издание на Тракус Арте, Букурешт.