Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Шиодару-Куриол Флорика

.

ciodaru courriol floricaФлорика Шиодару-Куриол е родена во близина на Крајова (Романија). Од 1980 година живее и работи во Лион. Има докторска титула од областа на Компаративна книжевна теорија и се смета за една од најпознатите романски преведувачки во Франција. Како долгогодишна познавачка и застапничка на романската книжевност учествува во организацијата на Фестивалот на дебитански роман во Шамбери. Флорика Шиодару-Куриол долги години предаваше на универзитетот „Жан Мулин“ и на високата школа „Екол нормал супериор“ во Лион. Таа има објавено есеи и статии во стручни списанија. Од романски јазик ги има преведено особено авторките на модерниот романски роман, меѓу кои Хортензија Папдат-Бенгеску, Родица Драгинеску, Марта Петрезу, Магда Карнечи, Дојна Рушти и Корина Сабау. Кон нејзините преводи од француски јазик се вбројуваат: Madame Bovary од Густав Флобер, L’Attachement од Флоренс Нојвил, Le miel од Слободан Деспот и Monsieur et Madame Rivaz од Катрин Ловеј.