Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Ело, Арб

.

elo arbАрб Ело, роден 1967 година во Тирана, студирал архитектура во родниот град. Како илјадници негови сограѓани поднесува барање за политички азил во германската амбасада, настан кој во јули 1990 година беше познат како „криза на амбасадата“. Оттогаш живее и работи како архитект во Германија. Арб Ело има објавено бројни збирки поезија и збирката раскази Ursa Major. Освен тоа неговите текстови за книжевноста и актуелни теми се објавени во различни списанија. Кон неговите преводи се вбројуват дела од Хилде Домин, Ингеборг Бахман, Розе Ауслендер, Паул Селан и целокупната лирика од Георг Тракл.