Печати

Тракл, Георг

.

trakl georgГеорг Тракл, роден 1887 година во Салцбург, бил апотекар и од 1912 до 1914 година живеел кај Лудвиг ф. Фикер, во чие списание Дер Бренер биле објавувани неговите песни. За време на Првата светска војна бил ангажиран како санитетски работник. Во 1914 година Георг Тракл почина во гарнизонската болница во Краков од преголема доза дрога. Дури по неговата смрт беше препознато значењето на неговата поезија. Денес се смета за еден од најзначајните претставници на австрискиот експресионизам.