Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Voi, cuvinte. 101 poeme antume și postume

Бахман, Ингеборг.

566 bachmann voiИзбор од вкупно 101 песна од раните збирки поезија и од оставнината на Ингеборг Бахман. Препевите претставуваат новум за романската читателска публика и пополнуваат една дупка во романската рецепција на Бахман по објавувањето на Малина во превод на Рамона Труфин (2007). Раните песни – претежно од збирките Die gestundete Zeit и Anrufung des großen Bären – не бараат понатамошно образложние. Позитивните критики и многуте книжевни награди говорат сами по себе. Постхумните, главно недовршени песни, ги антиципираат или продлабочуваат тематиката и мотивите од прозата на Бахман и ја надополнуваат сликата на еден од најважните поетски гласови на ХХ век.

Изборот песни Voi, cuvinte. 101 poeme antume și postume [Нејзините зборови. 101 рани и песни од оставнината] од Ингеборг Бахман беше објавена во Хуманитас, Букурешт. Изборот и препевот на романски јазик (извадок) го направија Aна Мурешану и Рамона Труфин.