Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија во фокусот на книжевното лето Шлезвиг-Холштајн

.

567 barbi markovicЧитања на автори и авторки со лунеење на ветрот, кои ѝ раскажуваат на својата публика од Шлезвиг-Холпштајн за мигранти-суперјунаци, изгубени синови, вљубени арамии, магистички уметници, семејни стории како светски стории и многу друго: 31 манифестации на 25 различни места во најсеверната германска сојузна покраина и дури едно читање во Данска: тоа беше Книжевното лето Шлезвиг-Холштајн 2017, кое од средината на јули до крајот на август ја престави литературата на земјите Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија.

Допатуваа писателите: Џевад Карахасан, Барби Марковиќ, Владимир Кецмановиќ, Мурат Балтиќ, Миленко Јерговиќ и Славенка Дракулиќ, како и австрискиот издавач Лојзе Вајзер. Сите се потрудија да посредуваат една диференцирана слика за книжевната сцена на трите земји и дадоа увид во нивното општество и култура, што далеку ги надмина рамките на вообичаеното медиумско известување, а сепак остана без нагласување на аномалии и конфликти. Кај публиката и медиумите наиде на добар прием. И така беше воспоставен мост од Балканот кон Шлезвиг-Холштајн, сосем во духот на еден цитат на нобеловецот Иво Андриќ, кој важеше како мото на фестивалот: „Сè во животот е мост – еден збор, насмевка, што му ја подаруваме на другиот. Ќе бев среќен, со мојата работа да вопоставев мост помеѓу Истокот и Западот.“

bwd  Set 1/2  fwd

И ова книжевно лето го организира и усогласи книжевната куќа Шлезвиг-Холштајн, со поддршка од сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, ТРАДУКИ, одговорната служба за политичко образование Шлезвиг-Холштајн, фондацијата Роберт Бош, штедилницата Ферде, Министерството за култура на Хрватска и фондацијата Роза Луксембург Шлезвиг-Холштајн.

Печат:

Килер Нахрихтен – Интервју со одговорната за проектот Сара Душаниќ

Килер Нахрихтен – Откриј го светот раскажувајќи

Килер Нахрихтен – Книжевни градители на мостови

Киле Нахрихтен – Избушавено читателско уживање

Либекер Нахрихтен – Младиот саунд на Србија

Килер Нахрихтен – Сите сме само луѓе

Килер Нахрихтен – Лаги за да се каже вистината

Холштајн Куриер – Една  воодушевувачка семејна сторија од Балканот

Килер Нахрихтен – Уметниците како канибали

партнери на проектот

traduki partners 2014 d