Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

„Tirana in Between“: Јасна Шамиќ во Албанија

.

566 samic jasnaВо јули културната организација Поетека во рамките на резиденцијалната програма “Tirana in Between” поддржана од ТРАДУКИ ја поздрави авторката и преведувачка Jaсна Шамиќ од Сараево. За време на нејзиниот престој, што го искористи интензивно за патувања, посета на музеи и историски знаменитости, како и за средби со колеги и колешки, собра бројни импресии.

Нејзиниот интерес беше насочен особено кон културни и историски теми, како и кон односот меѓу религиите во Албанија. Пред широката публика на една јавна манифестација по повод роденденот на Ернест Хемингвеј зборуваше за нејзината посета на Куба, нејзиниот однос кон делата на Хемингвеј и одговорноста на книжевноста во глобалното општество. Книжевниот неделник Милосао објави избор од нејзините песни во препев на Силвана Лека. Во три долги есеи, кои излегоа на порталите Плима и XXZ, таа известува за нејзините искуства:

HODOČAŠĆE - Posjeta Kruji, bektašijskim tekijama i Sari Saltuku“ (Портал Плима)

BEKTAŠIJSKA TEKIJA TIRANA“ (Портал Плима)

Tirana i Tirani“ (Портал XXZ)

партнери на проектот

traduki partners 2014 d