Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Шамиќ, Јасна

.

samic jasnaЈасна Шамиќ, родена 1949 година во Сараево, студирала ориентални јазици и книжевности на универзитетот во Сараево, на кој се стекнува и со докторска титула во 1977 година. Оттогаш живее на релација Сараево-Париз. Во 1984 година го изготвува докторатот по уметности на Сорбона во Париз на тема суфизам. Предава како професорка по ориентални книжевности на универзитетот во Сараево, сè додека во 1992 година не добие отказ без наведување на никакви прични. Јасна Шамиќ работи за ЦНРС (French National Centre of Research), соработува и со француски радио-програми и предава на бројни универзитет и во поранешна Југославија и Европа. Денес е уредничка на книжевното списание Књижевна сехара. Јасна Шамиќ пишува на босански и француски јазик. Нејзиното дело, за кое е повеќекратно наградувана, опфаќа бројни книги со песни, романи и есеи.