Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Чапалику Стефан

.

capaliku stefanСтефан Чапалику, роден 1965 година во Скадар, студирал албански јазик и книжевност во Тирана. Своите студии ги надополнува со престои во Италија, Англија и во Чешка. Во 1996 година се стекнува со докторска титула. Од 1993 година Стефан Шапалику го води Одделот за книжевност на универзитетот во Скадар. Од 1998 до 2005 година работи за Министерството за култура и предава естетика и теорија на драма на Академијата на уметности во Тирана. Од 2005 година истражува во Центарот за уметнички студии и предава на различни државни и приватни универзитети. Покрај тоа работи и како театарски и филмски режисер. Стефан Шапалику ја објавува својата прва збирка поезија во 1993 година. Покрај песните, неговото дело опфаќа и есеи, монографии, проза и повеќе од 20 театарски пиеси, за кои повеќекратно е наградуван на меѓународни театарски фестивали. Некои од неговите дела се преведени на англиски, германски, француски, италијански, романски, полски, бугарски, српски, македонски и турски јазик.