Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Мујкиќ, Наида

.

mujkic naidaНаида Мујкиќ, родена 1984 година во Добој, студира на филозофскиот факултет во Тузла и како асистентка предава книжевност на универзитетот во Зеница. Во  2006 година беше одликувана со наградата Мак Диздар, која што се доделува на млади автори за сè уште необјавена збирка поезија. Наида Мујкиќ пишува за списанието СТАВ (Сараево) и за ArtParasites Magazine (Берлин) и е член на П.Е.Н.-Центарот на Босна и Херцеговина, како и на глобалната поетска мрежа PoemCafe од Јужна Кореја. Некои од нејзините песни се препеани на англиски, германски и корејски јазик. Во 2008 година беше објавена нејзината прва збирка поезија Oscilacije, а во 2015 година следуваше збирката песни Ljubavi šarti mogula.