Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Бошковиќ, Стефан

.

boskovic stefanСтефан Бошковиќ, роден во 1983 година во Подгорица. Студирал драмски уметности во Цетиње. Тој е коосновач на алтернативната театарска група АТАК и го лансира филмскиот фестивал Бока Art & Film (BAFF), како и мултимедијалниот фестивал Бесак Фест. За неговиот роман Šamaranje во 2014 година ја доби втората награда во рамките на натпреварот „Најдобар необјавен роман во Црна Гора“ (издавачка куќа Побједа). Со неговиот расказ Fashion and Friends ја освои втората награда на хрватскиот фестивал „Фестивал еуропске крате приче“ за 2016 година. Неговиот опус опфаќа куса проза, драми и сценарија, меѓу кои и сценариото за кусиот филм Umir krvi, кој во 2014 година беше награден на Интернационалниот фестивал на кус филм во Драма во Грција, а во 2015 година и на меѓународниот фестивал на кус филм во Бања Лука.