Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Ловренчиќ, Сања

lovrencic_sanja
Сања Ловренчиќ е хрватска авторка и преведувачка. Досега има објавено бројни збирки поезија: ,,Инсула дулкамара" (1987), Пурпурно црвени ткаенини (1994), ,,Упатсва на шетачот во градината со зборови, Во слободниот четврт" (2002) и ,,Реката сигурно ја сака поплавата" (2006). Нејзините песни се објавени во домашни и странски списанија и се преведени на германски, англиски, полски, руски и словенечки јазик.

Таа е авторка и на повеќе прозни дела, меѓу кои збирката куси раскази ,,Вин Фантастик"  (1998) и ,,Портрет на куќата"  (2002), на романот ,,Kолхида"  (2000), Совршен остров (2002) и ,,Лизгалиште" (2005) како и на ,,Двократен дневник на жената со змејот" (2005), во којшто податоците во дневникот се испреплетени со исечоци од драмски текстови. Нејзиниотбиографски роман за хрватската писателка Ивана Брлиќ Мажураниќ ,,Во потрага по Ивана"  излезе 2006 год.

Сања Ловренчиќ исто така пишува и за деца и до сега ги има објавено следниве збирки раскази: ,,Eсперел – градот на малите чуда" (1994 и 2006), ,,Куќа над чудовиштето"  (1996), ,,Четири страшни Фуфождери и едно мало Фуфче"  (2001), ,,Сончев сјај" (2005) и ,,Приказни за годишните времиња" (2007), како и романот за деца ,,Годината без зајачето"  (2004) и повеќе ценети сликовници.

Во програмите на ,,Хрватското радио" во етерот се емитуваа низа од нејзините радио-драми, меѓу кои и повеќе наградени радио-драми, објавени во најразлични списанја и антологии (,,Мелници", ,,Писма за другиот чувар", ,,Девет октави", ,,Островот на Ариел"). Некои од нив се преведени и емитувани и на германски, унгарски, словенечки и естонски јазик.

Како самостоен автор на документации за радио-драми сними неколку документарни радио-драми, коишто и ги режира; а со радио-емисијата ,,Под нашата зелена липа", којашто ја реализира заедно со Ѕвјездан Јембрих, го претстави ,,Хрватското радио" на Фестивалот Прикс Италија 2007 год.

Работи и како книжевен преведувач од англиски, француски и германски јазик и по преводот на книгата од К.С. Левис ,,Koњот и неговото момче", 2004 стана дел во почесната листа на IBBY (International Board on Books for Young People).

Признанија/награди:

,,Награда на Хратското Радио" во 1991 год, за еден драмски текст за ,,Албатрос".

,,Награда на Хратското Радио" во 1991 год. за радио-драмата за деца ,,Можеби сум месечар".

Наградата ,,АССИСТЕЈ" во 1997 год. за најдобар театарски текст за млади за ,,Сказна за Зигисмунда и Крпимир".

Наградата „Григор Витез" во 2001 год. за најдобра книга за деца за ,,Четири страшни Фуфождери и едно мало Фуфче".

Наградата „Гјалски" во 2007 год. за најдобро прозно дело на годината за романот ,,Во потрага по Ивана"

Наградата ,,Киклоп" во 2007 год. за најдобро поетско дело на годината за книгата ,,Реката сигурно ја сака поплавата".