Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

“Absolutely modern”: Ренато Баретиќ во Скопје

.

559 bareticИздавачката куќа Готен во рамките на резиденцијалната програма „Absolutely modern“ поддржана од ТРАДУКИ во јуни му посака добредојде на еден гостин од Хрватска: четири недели Ренато Баретиќ интензивно работеше во Скопје на сценариото за две нови епизоди од телевизиската серија Црно-бијели свет како и на една комедија за театарот Сцена Горица во Загреб.

Тој се сретна со колеги и пријатели во Скопје и оствари нови контакти со македонската книжевна и уметничка сцена. На основа на неговата работа како новинар Ренато Баретиќ се покажа многу заинтересиран за актуелната политичка ситуација во Македонија. Ренато Бретиќ ѝ се претстави на јавноста во три интервјуа и во една книжевна дискусија во организација на Готен. Заедно со својот колега-писател Емир Имамовиќ зборуваше за неговата поезија, улогата на книжевноста во денешното општество и нејзиното влијание врз социјалниот и културниот развој.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d