Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Димитријевиќ, Јасна

.

dimitrijevic jasnaЈасна Димитријевиќ, родена 1979 година во Неготин (Србија), студирала општа книжевност и теорија на книжевност. Објавува книжевни критики и куси раскази во бројни списанија во регионот. За своите дела е добитник на награди во натпревари за куса проза на списанијата Вранац (Подгорица), Бележница (Бор) и Улазница (Зрењанин). Со нејзиниот ракопис на збирката куси раскази Препознавања победи на натпреварот за дебитанти во градската библиотека „Карло Бјелиќи“ во Сомбор. Книгата што излезе во рамките на ова одликување во 2015 година беше номинирана за книжевните награди „Билјана Јовановиќ“, „Душан Василјев“ и „Мирко Ковач“.