Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Ризвановиќ, Ненад

.

rizvanovic nenadНенад Ризвановиќ, роден 1968 година во Осијек, студирал хрватски јазик и јужнословенски книжевности на Филозофскиот факултет на универзитетот во Загреб. Во Задар ги завршува докторските студии Општество на знаење и трансфер на информации. Од 1985 година пишува критики и проза. Неговото дело опфаќа повеќе книги и прилози за антологии. Работел како уредник за издавачките куќи ВБЦ и Љевак. Ненад Ризвановиќ е член на Здружението на писателите на Хрватска, екстерен соработник на Филозофскиот факултет во Риека и главен уредник на списанието Нови Бехар.