Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Хвала, Теа

.

hvala teaТеа Хвала студирала компаративна книжевност, социологија на културата и родови студии. Нејзиниот главен интерес е насочен на темата феминистичка научна фантастика. Пишува колумни, есеи и раскази, публикувани во бројни словенечки списанија, и ги има објавено книгите Svetovi drugih (2010) и Rdečke razsajajo! (2011). Со некои од нејзините текстови е застапена по антологии. Покрај нејзината писателска дејност преведува од англиски, хрватски и италијански на словенечки јазик. Теа Хвала живее и работи во Љубљана. Таа е ко-модераторка на радио-емисијата Сектор Ж за феминистичка политика, култура и уметност и од 2001 година е коорганизатор на феминистичкиот и квир-фестивал Рдече зоре. Од 2008 година е коорганизатор на една низа работилници, кои под насловот „In other Wor(l)ds“ се посветуваат на колективното пишување на феминистичка квир-научна фантастика.