Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Die Antiquiertheit des Menschen 2

Андерс, Гинтер.

554 anders die antiquiertheit des menschenГлавната тема на Андерс е поактуелна од кога и да било: уништувањето на хуманоста и евентуалното физичко самозгаснување на човештвото. Досегашниот човек е надминат, ”застарен”, современиот и оној од иднината ги карктеризира дискрепанцата помеѓу и понатаму растечкиот капацитет на техниката и неспособноста на фантазијата да си ги замисли катастрофалните последици од техниката.

Die Antiquiertheit des Menschen 2. Über die Zerstörung des Lebens im Zeitalter der dritten industriellen Revolution [Застареноста на човекот 2. За уништувањето на животот во добата на третата индустриска револуција] од Гинтер Андерс излезе на романски јазик (извадок) во превод на Лорин Гиман под наслов Obsolescența omului. Despre distrugerea vieţii în epoca celei de-a treia revoluţii industriale во издание на Такт, Клуј Напоча.