Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Лечер, Хуго

loetscher hugoХуго Лечер, роден 1929 година во Цирих, студирал филозофија и теорија на книжевност. Од 1965 година редовно патува во Латинска Америка, југоисточна Азија и САД, а од 1969 година работи како слободен писател и публицист. Тој беше визитинг доцент на универзитетите во Швајцарија, САД, Германија и Португалија, како и член на Дармштатската Академија за јазик и поезија. За своите дела е повеќекратно наградуван, во 1992 година ја доби големата Шилерова награда од швајцарската фондација Шилер. Хуго Лечер почина 2009 година во Цирих.