Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Ступар, Трифуновиќ Тања

.

Stupar trifunovic tanjaТања Ступар Трифуновиќ, родена 1977 година во Задар, студирала на Филолошкиот факултет во Бања Лука. Досега има објавено четири збирки поезија, еден роман и една збирка раскази, а освен тоа е застапена во повеќе антологии. За нејзините книги е добитник на повеќе признанија, меѓу кои и на Книжевната награда на Европската унија за нејзиниот роман објавен во 2016 година Satovi u majčinoj sobi. Некои од нејзините дела се преведени на англиски, германски, полски, словенечки, македонски, дански и француски јазик. Тања Ступар Трифуновиќ е уредничка на списанието за книжевност, уметност и култура Путеви и работи како уредничка на културната програма во Народната и универзитетска библиотека во Бања Лука.