Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Gekaufte Zeit. Die vertagte Krise des demokratischen Kapitalismus

Штреек, Волфганг.

557 streeck zeitВолфганг Штреек во своите многу дискутирани франкфуртски предавања за Адорно ги открива корените на актуелната финансиска фискална и економска криза, опишувајќи ги како миг на долга неолиберална трансформација на повоениот капитализам. Тој анализира како се развива напнатоста меѓу демократијата и капитализмот во текот на четири децении и кои конфликти резултираат од тоа. На крајот ја разјаснува реконструкцијата на европскиот систем на држави и се интересира за изгледите за повторно воспоставување на социјална и економска стабилност.  

Gekaufte Zeit. Die vertagte Krise des demokratischen Kapitalismus [Купено време, одложената криза на демократскиот капитализам] од Волфганг Штреек излезе на бугарски јазик (извадок) во превод на Борјана Александрова и Стилијан Јотов под наслов Купено време. Отложената криза на демократичния капитализъм во издание на KX – Critique and Humanism, Софија.