Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Јотов, Стилијан

.

yotov stilyanСтилијан Јотов, роден 1960 година во Софија, е автор и преведувач, како и професор за филозофија на нов век и право на универзитетот „Св. Климнет Охридски“ во Софија. На бугарски јазик има објавено повеќе научни книги, во кои се занимава со темите праведност и почит, етика и мултикултурализам, еднакавост и егалитаризам, човечко достоинство и права, делото на Хабермас и филозофија на правата. Стилијан Јотов, меѓу другото, има преведено дела од Јирген Хабермас, Теодор В. Адорно, Макс Хоркхајмер и Зигфрид Кракауер. Во 2003 и 2004 година беше номиниран за Националната награда за хуманистички науки, а во 2016 година ја доби годишната награда на Здружението на преведувачите на Бугарија. Освен тоа бил стипендист на фондцијата Александар фон Хумболт, а во 2002-2003 година и визитинг професор на Катедрата Елијас Канети на Виадрина универзитетот во Франкфурт на Одра.