Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Јован Николиќ како резиденцијален стипендист во Сплит

.

529 jovan nikolic splitЗа почеток на овогодинешната резиденцијална програма „Марко Марулиќ“, поддржана од ТРАДУКИ, во март по покана на здружението КУРС во Сплит допатува писателот Јован Николиќ. Синот на еден Ром и една Србинка, кој во 1999 година емигрира во Германија, се смета за еден од најпознатите гласови на ромската книжевност во Европа.

За Сплит го врзуваат спомени од времето, кога беше војник во Југословенската Народна Армија на островот Вис, каде што се преправаше дека го боли стомак, за во слободното време да може да се прошета на Рива како пациент во една сплитска болница. За време на гостинскиот престој Јован Николиќ работеше на манускриптот на неговата збирка куса проза, како и на фрагментарните записи за Сплит. На 7. април се претстави на книжевната вечер Диску(р)сија во разговор со Небојша Лујановиќ и ја восхити публиката со своите песни и куси раскази.

партнери на проектот

traduki partners 2014 d