Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Иванковиќ, Жељко

.

ivankovic zeljkoЖељко Иванковиќ е роден 1954 во Вареш, Босна и Херцеговина. Студирал во Сараево и Нови Сад, а денес работи како поет, преведувач, писател, есеист, книжевен критичар и публицист. Има објавено преку педесет книги, главно збирки поезија, но и патеписи, збирки есеи, збирки раскази и романи. Неговите дела се преведени на бројни јазици и повеќекратно наградени. Меѓу останатото, Иванковиќ е член на хрватското Здружение на писателите, на Здружението на писателите на Босна и Херцеговина, на хрватскиот П.Е.Н.-Центар, на П.Е.Н.-Центарот на Босна и Херцеговина и на Здружението на новинарите на Босна и Херцеговина.