Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Беришај, Никол

.

berishaj nikolleНикол Беришај, роден 1958 година во Тузи (Црна Гора), е преведувач, писател,  поет и есеист. Преведува од словенечки и хрватски/српски/босански/црногорски на албански јазик и обратно. Кон неговите преводи се вбројуваат повеќе од 60 преведени книги, меѓу кои дела од Исмаил Кадаре, Ридван Дибра, Борис Пахор, Драго Јанчар, Милан Деклева, Јуриј Худолин, Балша Брковиќ, Габриела Бабник и Славко Прегл. Во 2013 година ја доби наградата Претнар и почесната титула амбасадор на словенечката книжевност и јазик. Никол Беришај е автор на еден словенечко-албански/албанско-словенечки речник, на романот Kush e vrau Besën и на збирката поезија Sub rosa dictum. Тој живее во Тузи.