Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Unternehmer

Наврат, Матијас .

543 Nawrat poduzetniciЛипа има тринаесет години и е соработничка на месецот во едно специфично семејно претпријатие. Заедно со нејзиниот татко и со помалиот брат, едноракиот Берти, ги пребарува индустриските рушевини по долините во Шварцвалд во потрага по корисни суровини, како тантал и волфрам, бидејќи тие, смета таткото, „особено ќе нè збогатат“. Тој вели: „Денес е посебен ден.“ и: „Мораме да умееме да поднесуваме болка. Тоа е начелото на претпријатието.“ Романот ја бара вредноста и суштината на работата, на семејството, љубовта, воопшто на меѓусебните односи и известува за нив со поетски средства: духовито, срдечно и мудро. 

Unternehmer [Претприемачи] од Матијас Наврат излезе на хрватски јазик (извадок) во превод на Хелен Синковиќ под наслов Poduzetnici во издание на Мала звона, Загреб.