Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Блуши, Бен

.

blushi benБен Блуши е роден 1969 година во Тирана. Студирал албански јазик и книжевност и бил главен уредник на списанието Koха Јоне. Во 1999 година почнува неговата политичка кариера, за време на која, меѓу другото, беше заменик министер за надворешни работи, префект на регионот Корча и министер за образование. Тој е пратеник во албанскиот парламент и во претседателството на Социјалистичката партија на Албанија. Во 2008 година Блуши го објавува својот прв роман Të jetosh në ishull [Да се живее на еден остров], кој се претвори во еден од најголемите книжевни успеси. Во 2009 година следуваше вториот роман  Otello, Arapi i Vlorës [Отело, Арапинот на Валона], за кој во 2014 година беше одликуван со Наградата за литература на Европската Унија, а во 2011 година третиот, Shqipëria [Албанија]. Делата на Блуши, кои се занимаваат со историски настани, се бестселери во Албанија и се преведени на бројни јазици.