Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Шувака, Лавинија

.

suvaka lavinijaЛавинија Шувака, родена 1972 година во Скопје, студирала јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет во Скопје. Од 2004 до 2012 година работела како преведувачка и главна уредничка во филијалата на словенечката издавачка куќа Младинска књига во Скопје. Оттогаш работи како слободна преведувачка. Лавинија Шувака живееше во Скопје и Белград. Во 2013 година замина за Австралија, каде што повеќе од две години ги продлабочуваше своите знаења по англиски јазик. Таа преведува од англиски, хрватски и српски јазик. Кон нејзините книжевни преводи, меѓу другото, се вбројуваат два романи за Хари Потер. Во моментот живее и работи во Македонија.