Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Понграшиќ, Ема

.

pongrasic emaЕма Понграшиќ, родена 1989 година, е писателка за книги за деца и млади и професорка по француски и руски јазик. Таа држи курсеви по француски јазик за деца и млади на Алијанс Франсез во Загреб. Пишува радио и телевизиски приказни и преведува од француски, англиски и руски јазик. Од 2006 до 2013 година редовно пишува приказни и текстови за квиз за списанието за деца Prvi izbor. Од 2015 година го води проектот То сам ја, во чии рамки конципира и изведува креативни работилници за ученици од рурални области. Таа е проект-координатор и одговорно лице за односи со јавноста за здружението „Књига у центру“, чиј член и е.