Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Прториќ, Јелена

.

prtoric jelenaЈелена Прториќ студирала француски и италијански јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб и новинарство на Институтот за политички науки  во Париз. При крајот на студиите почнува да преведува за издавачката куќа Фибра, во која веќе излегоа повеќе од десет стрип-романи од италијански и француски јазик во нејзин превод. Нејзините преведувачки способности ги продлабочи 2010 година во една работилница на хрватското Здружение за книжевни преведувачи и со резиденцијални престои во Франција: во Арле (2015) и во регионот Бордо (2016). Како новинарка пишува на хрватски и француски јазик за низа публикации.