Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Гал Штромар, Маја

.

gal stromar majaМаја Гал Штромар, родена 1969 година во Ново Место (Словенија), живее и работи како слободен уметник во Љубљана. По студиите по романистика во Љубљана ја завршува меѓународната театарска школа Жак Лекок во Париз. Како многустрана уметница Мај Гал Штромар е активна како во областа на театарот и филмот, така и како писателка и преведувачка од француски и италијански јазик. Има одиграно повеќе од 30 улоги и има снимено повеќе од дваесет и пет филма. Покрај бројните книги, меѓу кои и збирки поезија и романи, пишува многу за радио. Како театарски педагог со своите текстови претежно ѝ се обраќа на младата публика. Во 1991 година Маја Гал Штромар во Словенија ја доби театарската награда за најдобра актерка на годината.

Вебстраница