Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Костоска-Штанишиќ Марија

.

kostoska stanisic marijaМарија Костоска-Станишиќ е родена 1983 година во Скопје (Македонија). Завршила германски и англиски јазик на Катедрата за толкување и преведување на тамошниот универзитет и во академската 2004/2005 година како ДААД-стипендистка престојувала на универзитетот Јоханес Гутенберг во Мајнц. Од 2007 година работи во Гете Институтот Скопје (најпрвин како проект-координатор, а од 2015 како раководител на администрација). Од германски јазик, меѓу другото, досега има преведено дела од Франц Кафка, Томас Бернхард, Јозеф Рот и Еден фон Хорват.