Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Фон Хорват, Еден

.

von horvath oedoenЕден фон Хорват е роден 1901 година како син на еден австриско-унгарски дипломат во Фиуме (денешна Ријека/Хрватска). Својот прв писателски успех го прославува 1929 година во Берлин со пиесата Die Bergbahn. Во 1931 година е добитник на наградата Клајст за неговата Geschichten aus dem Wiener Wald (1931). Понатамошни познати негови дела се драмите: Glaube Liebe Hoffnung и Kasimir und Karoline како и романот Jugend ohne Gott. Со своите критички и ангажирани текстови Еден фон Хорват се спротиставува на националсоцијализмот. Кога во 1936 година мораше да ја напушти Германија, прво престојува кај својот пријател Карл Цукмајер во Салцбург, а во 1938 година бега понатаму за Будимпешта. По престоите во Чешка, Цирих и Амстердам на 1. јуни 1938 година загинува од една гранка што паѓа во Париз.