Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Тихинова-Јовановиќ, Асија

.

tihinova jovanovic asyaАсија Тихинова-Јовановиќ, родена во Софија, студира словенска филологија и 25 години работи како преведувачка и уредничка за бугарската редакција на радио канал Радио Југославије во Белград. Истовремено работи и како новинарка, преведувачка и водителка за бугарската телевизиска емисија на РТ Белград. Таа преведува проза, драмски дела, филмови и филмски серии од српски, хрватски и босански на бугарски јазик и обратно. Во нејзините преводи, меѓу другото, се вбројуваат дела од Иво Андриќ, Милош Црњански, Бранислав Нушиќ, Давид Албахари, Борислав Пекиќ, Владимир Пиштало, Вида Огњеновиќ, Сања Домазет, Момо Капор, Михајло Пантиќ, Емир Кустурица, Угљеша Шајтинац, Ивана Сајко и Филип Давид.