Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Гојер, Градимир

.

gojer gradimirГрадимир Гојер, роден 1951 година во Мостар, студирал компаративна книжевност и театрологија во Сараево. Тој се вбројува во еден од најзначајните театарски режисери во Босна и Херцеговина. Познат стана и со неговото дејствување како писател и преку водечката позиција по театрите, како и во политиката. Неговиот опус опфаќа стручна литература од областа на театрологијата, збирки поезија, публицистика, есеи и литературни критики. Неговите дела се преведени на македонски, англиски, норвешки, полски и романски јазик. За неговиот ангажман во културата, особено за неговата работа во театарот е добитник на бројни награди.