Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Дежуловиќ, Борис

.

dezulovic borisБорис Дежуловиќ е роден 1964 година во Сплит. Тој е коосновач на алтернативниот театар Епицентар (1985) и на сатиричниот неделник Ферал Трибуне, кого особено го карактеризира во 90-тите години со своите текстови, кои како глас што ја критикуваше власта одиграа важна улога во военото и повоеното време во Хрватска. Борис Дежуловиќ објавува колумни во Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија. Кон неговите публикации на книги се вбројуваат романите: Christkind (2003) и Jebo sad hiljadu dinara (2005), збирката поезија Pjesme iz Lore (2005) како и збирката раскази Poglavnikova bakterija (2007). За неговата работа како новинар и автор на книги е повеќекратно наградуван.