Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Кунерт, Гинтер

.

kunert guenterГинтер Кунерт, роден 1929 година во Берлин, се смета за еден од најчитаните автори на својата генерација. Кон неговите повеќекратно одликувани дела се вбројуваат песни, раскази, есеи, репортажи, книги за деца и еден роман. Во 1960-тите години сè повеќе влегува во конфликт со институциите за култура на ГДР, додека во Западна Германија сè повеќе расте интересот за неговите дела. Благодарение на неговиот меѓународен углед смее да патува во странство. Бил визитинг професор во Остин (Тексас) и резиденцијален стипендист во англискиот Варвик. Во 1979 година една повеќегодишна виза му ја овозможува преселбата во Западна Германија. Оттогаш живее како слободен писател во Кајзборстел во близина на Итцехое.