Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

преведувачи

Печати

Алексе, Раду-Михаи

.

alexe radu mihaiРаду-Михаи-Алексе, роден 1975 година во Букурешт (Романија), пораснал двојазично. Студирал германистика на универзитетот во Букурешт, каде што по дипломирањето работел како асистент. Во 1999 година добива стипендија за истражување на универзитетот Бохум, а од 2000-2002 година на универзитетот Виена. Потоа работи во германскиот книжевен информативен центар, а потоа како асистент во библиотека во Гете Институтот во Букурешт. Од 2009 година работи како слободен книжевен преведувач. Од германски има преведено повеќе книги и текстови, меѓу кои: Mephisto – Roman einer Karriere од Клаус Ман, Adler und Engel од Јули Цех, Die Umarmung од Мартин Гилих и Adam und Evelyn од Инго Шулце. Од романски јазик, меѓу другото, има преведено текстови од: Нора Југа, Николета Езиненку, Лилјана Коробка и Раду Алдулеску. Од 2014 година е член во романското здружение на писателите во Букурешт, оддел преведување. Тој живее и работи во Букурешт.