Преводи од, за, и во Југоисточна Европa

автори

Печати

Келман, Даниел

.

kehlmann danielДаниел Келман, роден 1975 година во Минхен, живее во Берлин. Неговото дело, меѓу другото, е одликувано со книжевната награда на фондацијата Конрад Аденауер, книжевната награда на ВЕЛТ, наградата Пер-Олов-Енквист, наградата Клајст и наградата Томас Ман. Неговиот роман Мерење на светот, кој беше преведен на повеќе од 40 јазици и филмуван од Детлев Бук, стана еден од најуспешните германски романи на повоеното време. Даниел Келман е член на Академијата за науки и книжевност во Мајнц, како и на Германската академија за јазик и поезија.  

Вебстраница