Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Тулиќ, Теа

.

tulic teaTеа Тулиќ, родена 1978 година во Ријека е претседателка на здружението Катапулт, за кое од 2008 година организира книжевни манифестации, и програмска координаторка за здружението Молекула. Таа учествуваше на креативните курсеви за пишување на Даша Дрндиќ и Ивана Сајко и пишува белетристика. Во книжевните списанија Улазница, Зарез, Књигомат и Слјипе путник беа објавени куси раскази од неа. Во 2010 година беше одликувана со нагрaдата Прозак на списанието Зарез и на издавачкатa куќа Алгоритам за најдобриот прозен ракопис на млади автори, по што беше објавен нејзиниот дебитантски роман Коса посвуда како дел од наградата. Дневниот весник Вјесник го прифати романот во списокот на петте најдобри белетристички публикации за 2011 година, освен тоа насловот успеа да влезе во потесниот избор на жирито за престижната книжевна награда на весникот  Јутарни лист.