Преводи од, за, и во Југоисточна Европa
Печати

Ферчец, Горан

.

fercec goranГоран Ферчец, роден 1978 година во Копривница (Хрватска), студирал на Академијата за драматургија во Загреб и работи како писател, драматург и театарски уметник. Тој е член на редакцијата на списанието Фракција за перформативни уметности и коучесник на иницијативата Драматуршки клектив, која се заложува за промоција на млади драматурзи. Горан Ферчец пишува театарски текстови, теоретски статии и есеи за разлини списанија, меѓу кои Фракција, Кретања, Казалиште (Загреб), ТкХ – Теорија која хода (Белград), Сцена (Нови Сад), Бухкултур (Виена) како и за државното радио. Како драматург дебитира 2011 година со пиесата Pismo Heineru Mülleru во Загреб. Истата година излезе и неговиот прв роман Ovdje neće biti čuda, којшто беше номиниран за најважните книжевни награди во Хрватска и беше преведен на македонски јазик. Во 2015 година следува збирката есеи Priručnik za jučer. За неговата работа во областа на театарот Горан Ферчец е добитник на бројни признанија.